Станбените кредити и кредити за деловен простор за физички лица со евро клаузула на Комерцијална банка на АД Скопје од вчера се со каматна стапка од 5% која е фиксна за првите три години, а за остатокот на периодот на отплата изнесува 6,65%. Исто така, како што информираат од Банката, намалени се каматните стапки на дел од орочените денарски штедни влогови од 0,10-0,20 процентни поени и на дел од орочените девизни штедни влогови од 0,05-0,90 процентни поени. Од Банката информираат дека за потрошувачкиот кредит за физички лица до 10.000 евра со евро клаузала нема да се наплатува надомест за одобрување и администрирање и ова се однесува за сите примени барања за кредит во промотивниот период од први октомври до 31 декември 2013 година. Нема да се наплатува за одобрување и администрирање за сите примени барања за станбен кредит со евро клаузула за рефинансирање на станбени кредити од други банки за истиот промотивен период.
Станбените кредити и кредити за деловен простор за физички лица со евро клаузула на Комерцијална банка на АД Скопје од вчера се со каматна стапка од 5% која е фиксна за првите три години, а за остатокот на периодот на отплата изнесува 6,65%.
Исто така, како што информираат од Банката, намалени се каматните стапки на дел од орочените денарски штедни влогови од 0,10-0,20 процентни поени и на дел од орочените девизни штедни влогови од 0,05-0,90 процентни поени.
Од Банката информираат дека за потрошувачкиот кредит за физички лица до 10.000 евра со евро клаузала нема да се наплатува надомест за одобрување и администрирање и ова се однесува за сите примени барања за кредит во промотивниот период од први октомври до 31 декември 2013 година. Нема да се наплатува за одобрување и администрирање за сите примени барања за станбен кредит со евро клаузула за рефинансирање на станбени кредити од други банки за истиот промотивен период.